Легендарните трки North West 200 2016 започнаа оваа недела во одлични услови на 14 километри долгата патека во Северна Ирска.

2016 North West 200 започна оваа недела во одлични услови на 14 километри долгата патека во Северна Ирска. По тренингот и квалификациите, возачите на Honda Racing, Џон МекГинис и Конор Каминс ја започнаа саботната Супербајк трка од осмото и дванаесетото место, за на крајот да завршат на шестата и седмата позиција.

57375d6e61d39

МекГинис, за прв пат на оваа патеката со својот CBR1000RR Fireblade SP успеа да постигне брзина од 322км на час. На крајот на сесијата тој се најде на четвртото место.

Се чинеше дека попладнето ќе биде добро за возачот од Морекамб, кој претходно се најде на третото место. Сепак, некаде на средина, МекГинис направи непланирана пауза бидејќи неговата машина почна да прегрева. Откако беше извршена проверка, се откри дека прегревањето настанало бидејќи радијаторот бил удрен од камен.

57375d7d07f54

Мотоциклот за кратко време беше поправен, но сесијата тогаш беше во прекин поради инцидент на патеката. Времето кое го постигна МекГинис дотогаш беше доволно тој на крајот да се најде на осмото место на квалификациите.

Во меѓувреме, неговиот тимски колега Каминс имаше добра прва сесија. Тој имаше мали проблеми, а и поради прекинот на трката тој на крајот заврши на деветнаесетото место.

За оние кои не се запознаени со North West 200 трките, мал приказ за тоа како изгледаат:

Back To Top