Прво, да му честитаме на Рускиот возач за доминацијата. Во десет дена колку што траеше настанот, на шест трки освои максимален број на поени, а исто така победи и на девет финалиња.

Motul само што ја прослави првата титула оваа сезона откако Дмитри Колтаков ја освои неговата трета титула во „Ice Speedway Gladiators“ шампионатот. Ајде да ја искористиме оваа можност и да кажеме нешто повеќе за овој мото спорт кој значително се разликува од останатите.

csm 070818 a2a6d3194a

Прво, да му честитаме на Рускиот возач за доминацијата. Во десет дена колку што траеше настанот, на шест трки освои максимален број на поени, а исто така победи и на девет финалиња.

28 милиметарските шилци на пневматиците, изгледот на возачот како и дизајнот на мотоциклите кои немаат сопирачки се само неколку од интересните работи кои се дел од овој спорт. Самиот формат на трките е уште едно специфично нешто, а возачите ја стартуваат трката во групи од четири возачи. Кое е најдоброто место за старт? Внатрешниот дел од левата страна на патеката иако делот за влегување во првиот свиок е премногу тесен? Надворешниот дел, блиску до заштитната ограда или пак во средината помеѓу овие две места.

За време на петте трки, осумнаесетте возачи кои учествуваат најмалку еднаш ја менуваат стартната позиција. После тоа, на најбрзиот возач му се дава приоритет при изборот на стартната позиција. Според статистиката, за време на трката во Холандија најдобра позиција за старт била внатрешната страна (црвена порта). Од друга страна, возачите кои стартувале од средината на патеката (белата порта) постигнале најлоши резултати.

Сепак, резултатите зависат од патеката но и од уште неколку други фактори. На првата трка која се оддржа во Казахстан, возачите кои стартувале од сината порта (втора од внатре) освоиле најмногу поени додека пак оние од надворешната страна имале најлош резултат.

На крајот сепак талентот и искуството се одлучувачки фактор од кој зависи крајната позиција на секој возач.

Тимот на Дмитри Колтаков има техничка поддршка од Мотул.

Back To Top