Австриецот Матиас Валкнер е новиот шампион на релито Дакар 2018.

31 годишниот возач ја задржа предноста и во последната етапа која беше долга 120 километри и на крајот успеа да победи со разлика од 16 минути и 53 секунди пред второпласираниот, возачот на Honda, Кевин Бенавидес  и тимскиот колега од КТМ, Тоби Прајс.

walkner 18

Со овој успех на Валкнер, продолжува неверојатната серија на КТМ од 17 победи по ред. Валкнер сега им се приклучи на возачите кои веќе имаат триумфирано на релито, а меѓу кои се Фабрицио Меони, Ричард Саинкт, Сирил Деспре, Марк Кома, Тоби Прајс и Британецот Сем Сандерленд.

По завршувањето на трката, Валкнер изјави: „Понекогаш во спортот ви е потребна среќа, а оваа година таа беше на моја страна. Неверојатно е чувството. Никогаш не помислив дека ќе победам, целта секогаш ми беше да се најдам на подиумот. Оваа година беше навистина изедначено, а мислам дека десетатата етапа беше одлучувачка. Ова е навистина остварување на мојот сон.“

„Возачите беа навистина изедначени, мислам дека имаше пет возачи кои можета да стигнат до победата, но се чини дека јас имав повеќе среќа. Кога ја имав големата повреда во 2016 година, тоа направи големи промени кај мене.  Мислам дека за релито Дакар ви е потребна среќа, понекогаш ја имате, но понекогаш не.“

„На последните неколку етапи имаше голем притисок бидејќи имав голема предност, а тоа значи и дека имате многу што да изгубите. Бев нервозен и вчерашниот ден ми траеше многу долго. Знам дека бев меѓу 7-8 возачи кои можат да победат но никогаш не се надевав дека ќе успеам. Целта беше место на подиумот бидејќи за победа ви треба среќа, мора да го сочувате мотоциклот и не смеете да правите никакви грешки.“

Back To Top