Џон МекГинис за прв пат зборуваше по тешката несреќа која ја доживеа минатата недела за време на International North West 200.

Џон МекГинис за прв пат зборуваше по тешката несреќа која ја доживеа минатата недела за време на International North West 200. 23-кратниот победник на ТТ се уште се наоѓа во болница поради сериозноста на повредите. Тој има скршени десна тибиа и фибула, четири скршени пршлени и неколку скршени ребра. Минатиот четврток, тој со голема брзина излета од патеката за време на втората квалификациска сесија во Супербајк.

McGuinnessMissTT

Откако не успеаа да ја отфрлат можноста за техничка грешка, Honda Racing веднаш по несреќата се повлече од остатокот од трката.

„Среќен сум од поддршката што ја добив веднаш по несреќата,“ изјави МекГинис.

„Заедно со мојата сопруга добивме голема поддршка и благодарен сум им на сите фанови, технички и медицински лица. Вашите пораки ме оддржуваат во овие темни часови.“

„Нема да лажам. Тоа што ќе го пропуштам ТТ оваа година е навистина болно но ќе ја гледам трката и ќе внимавам на секој детал. Им посакувам среќа на сите возачи, а ако можам сигурно ќе се појавам на патеката. Но во моментов работите се одвиваат од ден за ден и морам да направам се што можам за да оздравам побргу. Патот ќе биде долг но имам голема поддршка околу мене.“

Back To Top