Интернационалната мотоциклистичка федерација објави листа на 16 возачи кои се селектирани да учествуваат на последната фаза од „Ice Speedway Gladiators“ Светскиот шампионат.

Интернационалната мотоциклистичка федерација објави листа на 16 возачи кои се селектирани да учествуваат на последната фаза од „Ice Speedway Gladiators“ Светскиот шампионат.

Motul е официјален добавувач на моторно масло за шампионатот како и официјален партнер на натпреварувањето кое првата титула ја додели пред повеќе од половина век.

motul speedway

Првата од петте рунди ќе се оддржи на 4-ти и 5-ти февруари во Русија на овалната патека која се наоѓа на стадионот Анатоли Степанов во Тољати. Motul исто така го поддржува и Дмитри Колтаков, рускиот шампион кој е и сопственик на светската титула за 2015 година. Минатата сезона тој ја загуби титулата за многу мала разлика од сонародникот Дмитри Комитсевич.

Руските возачи повторно се фаворити но Австрискиот возач Франц Зорне може да им ги расипе плановите. Иако температурите честопати се под нулата, поради самата атмосфера на трките тоа не се забележува. 

Возачите се нарекуваат „Гладијатори“ поради добра причина. Тие немаат страв од ништо. Опремени се со оклоп кој е изработен од Кевлар и кожа и можат под многу мал агол да го навалат мотоциклот благодарение на 28 милиметарските шилци кои ги имаат на гумите. Но, скапо плаќаат ако направат грешка. Овој спорт бара голема физичка сила но и техничко знаење бидејќи мотоциклите се опремени со многу слаби сопирачки, а имаат 4 тактен мотор со зафатнина од 500cc. Лубрикантите на Motul секоја година овој исцрпувачки предизвик го поминуваат со највисока оценка.

Back To Top