Останато

Подгответе се за Релито Дакар 2018

Бројот на денови кои можеме да ги поминеме на тркачката патека се намалува, новите машини за следната година веќе беа претставени, а дополнително, ни пристигнува и зимата. За мото индустријата, ова е слаб период од сезоната.

Следете нè на:

 

Бројот на денови кои можеме да ги поминеме на тркачката патека се намалува, новите машини за следната година веќе беа претставени, а дополнително, ни пристигнува и зимата. За мото индустријата, ова е слаб период од сезоната.

2017 Dakar Rally Stage 12 Honda 09

Но сепак има нешто интересно и во овој дел од годината, а тоа е Релито Дакар. За еден месец, најдобрите светски возачи ќе бидат дел од нешто што слободно може да се нарече најтешката трка со мотоцикли во Светот.

Оваа година, релито ќе го има своето 40-то издание и повторно ќе се оддржи далеку од местото од каде што потекнува. Возачите повторно ќе возат низ Перу, Боливија и Аргентина. Рутата оваа година возачите ќе ги однесе до Пацификот, ќе возат преку песочните дини и на крајот ќе завршат во Кордоба.

2018 dakar rally route

За мотоциклистите, 2018 година ќе биде навистина интересна. КТМ ќе се обиде да стигне својата 17-та победа по ред, но да не заборавиме, секоја година Honda е се поблизу до прекинување на таа низа. Од компанијата ќе се обидат да не ги повторат грешките кои ги направија минатата година и конечно да го симнат КТМ од тронот. Во изминативе неколку години, Јоан Бареда и останатите возачи на HRC постигнаа голем напредок и сигурно ќе бидат силна конкуренција на возачите на КТМ. Со оглед на тоа дека Бареда победи на поголем дел од етапите минатата сезона, единствено нешто што му недостасува е конзистентност.

Во  однос на Yamaha и Husqvarna, и двете компании им се приближуваат на Honda и КТМ. Но дали ќе можат да постигнат нешто повеќе? Веројатно не. Дали би можеле да победат на неколку етапи? Секако.

Најинтересен дел кај Релито Дакар, покрај прекрасните пејсажи, е фактот дека се може да се случи за време на натпреварувањето кое трае 14 дена. Никој не може однапред да се прогласи за победник, а не заборавјте ги и непредвиливите временски услови. Сите овие работи заедно ќе ни донесат одлична трка.

Би можело да ве интересира

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Пред вас е Suzuki GSX-R1000 – Ryuyo, супербајк кој има 209 коњски сили и тежина од 167 килограми. За жал, од овој модел ќе бидат произведени само 20 примероци кои ќе имаат цена од 29.990 евра.

Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Можеби тоа е само земја на слободи во однос на полуавтоматските оружја. Но се чини дека во иднина жителите на Америка нема да имаат избор во однос на тоа каков мотоцикл ќе можат да купат.

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!