Suzuki Gixxer купот ја започна својата трета сезона, како и секогаш со несебична поддршка од страна на Motul. Од 7-ми до 9-ти јули на патеката Кари во Коимбаторе (Индија), посетителите имаа можност да уживаат во новите аспекти кои ги воведоа организаторите со цел уште повеќе да го подобрат концептот на натпреварувањето.

suzuki gixxer cup returns at kari motor speedway

Но целта на самиот настан останува иста, да се потенцира квалитетот на Gixxer SF и да се претстават идните таленти. Suzuki Motorcycle India продолжува да ги поддржува талентираните возачи со идентични мотоцикли, специјално подготвени и  опремени со четири тактен, 155cc мотор кој има 15 коњски сили.

Оваа година настанот беше интегриран заедно со NRC шампионатот, една од главните серии во Индија и кој се организира под покровителство на Индиската асоцијација за автомобили и мотоцикли. Но она што е уште поважно е дека Suzuki Gixxer купот сега е резервиран за возачите кои имаат 17 или повеќе години. Оние пак на возраст помеѓу 12 и 16 години ќе бидат дел од дебитанскиот куп. Најдобрите возачи ќе имаат можност да заминат во Европа со цел повеќе да напредуваат.

Кај дебитантите, Џаден Гунавардена, чиј што брат Арон победи на 10 од 12-те трки минатата година, доминираше на двете трки.

Back To Top