Тестови

Pirelli Diablo Rosso 3

Pirelli ја употреби технологијата која ја користи во Светскиот Супербајк шампионат за да ги произведе најновите спортски пневматици

Следете нè на:

 

Битката кај модерните спортски пневматици е во полн ек. Голем број на производители развиваат спортски ориентирани пневматици и се чини дека сите одлучија да ги претстават своите најнови производи пред крајот на оваа година. Pirelli ја употреби технологијата која ја користи во Светскиот Супербајк шампионат за да ги произведе најдобрите спортски пневматици. Резултатот од тоа е Diablo Rosso III.

pirelli diablo rosso 3 08

Откако во изминативе 12 години обезбедуваат пневматици за Светскиот Супербајк шампионат, Pirelli одлучи да ги направи Rosso III користејќи ја истата технологија што ја употребува при производството на спортските гуми. Rosso III е направен за да ги подобри перформансите на патеката, а исто така има големо подобрување и на влажни и суви услови за секојдневните возачи. Тие користат нови профили за да се обезбедат поголема стабилност. Зголемена е висината и ширината на гумата со што се овозможува не само побрзо менување на правецот туку и стабилност при максимално навалување. Предниот пневматик е исто така поголем за 3 милиметри за да обезбеди дополнителна стабилност при забрзување. И задниот пневматик има слични промени со цел да се обезбеди синхронизација меѓу двете гуми.

Aragon JD 5 770x577

Rosso III ја има и карактеристичната „Flash“ шара која може да се најде кај тркачките пневматици. На страничните делови додадени се и дополнителни канали за побрзо истекување на водата.

Кај Rosso III има подобрување и во однос на материјалот од кој е направен. Предниот пневматик е направен од 100 процентно силиконско соединение кое овозможува побрзо загревање и стабилност при возењето на сите временски услови. Задниот пневматик е направен од уникатна конструкција за да се обезбедат подобри перформанси и поголема издржливост. Страничните делови на гумата содржат 100 процентно силиконско соединение а централниот дел од гумата е направен од 70 процентно силиконско соединение.  Оваа комбинација овозможува подобри перформанси и поголема стабилност како и дополнителни 30 проценти поголема издржливост.

rosso 3

Pirelli не покани да го пробаме новиот пневматик на патеката во Шпанија. Откако два дена ги гледавме возачите од Светскиот Супербајк шампионат, добивме можност да ја пробаме новата технологија на Pireli. Diablo Rosso III веднаш не импресионираше. На почетокот беше малку тешко, но после два круга гумата се загреа и можевме да возиме побрзо.

Поголемиот профил на гумата му овозможува на мотоциклот побрзо да влегува во свиоците . Но транзициите беа делот каде што профилот најмногу се истакна. Rosso III не импресионираше од можноста лесно да се префрли од една на друга страна, нешто што не е толку едноставно кај обичните пневматици.

PirelliDiabloRossoIII 036

Стабилноста на Rosso III е една од неговите најдобри страни, а особено стабилен е задниот пневматик. Дури и при голема брзина немавме никакви проблеми, што не натера да се прашаме, дали е ова навистина улична гума? Предниот пневматик е сличен, но не е на истото ниво. Тој е одличен при запирање и при влегување во свиоци, но се чини дека нема доволно чувство. При максимално навалување, пневматикот не ни обезбеди целосна доверба во него. Но запомнете, ова е улично ориентиран пневматик. Иако е направен од истатата технологија која Pirelli ја користи кај тркачките пневматици, неговата намена не е да се поставуваат рекорди.

diablo rosso iii role and positioning

Како што почна да врне, така ние почнувавме да стануваме се посигурни. Задната гума функционираше беспрекорно, што пак ни докажа дека Rosso III функционира одлично на влажни услови.

Test Pirelli Diablo Rosso 3 8

Новиот Diablo Rosso III ни докажа дека е добар на сите временски услови. Пневматикот е одличен за на тркачка патека но не треба да се обидувате да поствувате рекорд на патеката.

Diablo Rosso III е направен во повеќе големини за да одговара кај поголемиот дел од спортските мотоцикли, а во Македонија е достапен преку увозникот СкајМото.

Би можело да ве интересира

Piaggio ги најави новите MP3 модели меѓу кои се подобрените верзии на скутерите со зафатнина од 500cc како и целосно новите 350cc верзии.

Иако ова не беше најдобро чуваната тајна, сепак денеска и официјално ни стигна потврда дека по завршувањето на сезоната 2018 од Светскиот Супербајк Шампионат ќе заврши и  соработката помеѓу Том Сајкс и Kawasaki Racing.

Уште откако за прв пат беше споменета можноста Triumph да биде снабдувач со мотори во Moto2 шампионатот, почнаа да се појавуваат шпекулации во однос на тоа каков ќе биде планот на Британската компанија во секторот на спортски мотоцикли.

Ова решение би можело да промени многу од проблемите со кои се соочуваат електричните превозни средства.

Piaggio Beverly, лидерот кај скутерите сега има мотор кој е во согласност со Euro4 стандардот,  променет изглед како и спортски и агресивен пакет.

Новиот Ducati Diavel S spied има нов мотор, рамка, задна вилушка, Öhlins суспензија и подобра електроника

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!