Ducati Logo“Дами и Господа, оваа порака содржи само три зборови и ја имате мојата гаранција: Дукати останува Дукати.” – Rupert Stadler, Извршен Директор на Ауди.

“Дами и Господа, оваа порака содржи само три зборови и ја имате мојата гаранција: Дукати останува Дукати.” – Rupert Stadler, Извршен Директор на Ауди.

PA1187507Rupert Stadler, Извршниот Директор на Ауди изминатиот вторник беше во посета на фабриката на Дукати во Борго Пинигале, Болоња, Италија, каде беше примен од Манаџментот на Дукати и Претседателот Gabriele Del Torchio.

После дополнителните состаноци со претставниците на локалниот синдикат RSU (Rappresentanza Sindacale Unitaria), Stadler се обрати на целосниот тим на Дукати од околу 1000 луѓе:

“Она што е вистина за секоја романса, истотака се однесува и на две компании – добар старт е добиена половина битка” – изјави Stadler од специјалната бина поставена внатре во фабриката на Дукати.

“Веројатно сте се запрашале зошто ние како Ауди се заинтересиравме за Дукати, производител на автомобили, на прв поглед без никаква очигледна врска со Дукати. Но, тоа е само на прв поглед. Дукати претставува извонредна уметност во инженерството, страст, прецизност, перформанси и чиста радост за живеењето. Ние сме импресионирани од овие достигнувања.

ducati00001

Знам дека тука гледам во извонредна група, и дека вие сте јак тим! Без вас, Дукати немаше да биде толку атрактивна компанија како што е денес. Ауди и Дукати се водени од иста страст. Никој од нас нема да му го одвлекува вниманието на другиот, ние ќе бидеме комплементарни и ќе се дополнуваме едни со други. И уште еден важен аспект што мене лично многу ми значи е тоа дека ние можеме и ќе бидеме инспиратори едни за други.

Постојат многу заеднички можности со високо-перформансни мотори, лесно производство и квалификувана интеракција помеѓу два јаки бранда во глобална рамка. Двете компании, секоја со историја исполнета со подеми и падови, сега ќе може да имаат корист од тоа што се една фамилија – Volkswagen Групацијата.

Јас сум многу задоволен што можам да соопштам дека антимонополските власти го одобрија овој договор на почетокот на Јули и дека е елиминирана последната пречка на патот во започнувањето на нашата заедничка иднина. Дукати и официјално ќе биде дел од семејството на Ауди од следната недела!”

Ова ме доведува до многу важна порака која сакам да ви ја пренесам денес. Порака која сигурно ќе биде голема во вашите мисли.

“Дами и Господа, оваа порака содржи само три зборови и ја имате мојата гаранција: Дукати останува Дукати”.

Дукати сеуште чека на објавата на својот МОТО ГП тим за 2013 година, но се чини дека нивната звезда Валентино Роси, кој сеуште има потешкотии во настапите, после состанокот со менаџментот на Ауди за време на Германското Гран При, делува мотивирано и со поизразена желба да остане во тимот.

Back To Top