Се огласи и производителот на сопирачките Брембо заради кој Априлија и Дукати најавија повлекување и бесплатна замена на главниот кочионен цилиндер кај поновите модели.

Во однос на неодамнешните повлекувања на главниот цилиндер кај неколку модели, од Brembo го испратија следново соопштение.

brembo master cylinder 633x388

Brembo SpA е лидер во производството на диск сопирачки. По неодамнешните натписи во медиумите, а во кои беа изнесени погрешни информации, би сакале да ве информираме дека:

- Благодарение на постојаното надгледување на целиот производствен процес, откриена е можност за дефект на предниот, радијален, главен цилиндер со дијаметар од 15mm и 16mm.Тој беше во продажба во периодот од 2015 до 2017 година и беше употребен кај следниве производители:

Aprilia
Ducati
KTM
MV Agusta
TM Racing
Moto Morini
Horex

Повлекувањето не влијае на другите производители ниту пак кај главни цилиндри кои беа продавани преку нашата дистрибутивна мрежа.

Brembo навремено ги информираше производителите за проблемот со цел сопствениците на ваквите модели да ги заменат деловите во најблиските продавници.

Back To Top