Втора година по ред, Ducati е прогласена за една од најдобрите компании во Италија.

Луѓето што живеат во северниот дел на Италија можат да бидат горди што седиштето на Ducati се наоѓа таму. Втора година по ред, Ducati е прогласена за една од најдобрите компании во Италија.

Ова признание доаѓа од Институтот „Top Employers“ кој ги прогласува најдобрите компании во однос на условите за работа што ги нуди. Сертификатот што го доби Ducati покажува дека компанијата на своите вработени им овозможува одлични услови за работа. Институтот користи различни методи на истражување при одлучувањето за тоа кој ќе ја добие наградата, а исто така прави и проверки за да потврди дали се исполнети високите стандарди и критериуми.

ducati fab1

Покрај одличните услови за работа што компанијата мора да ги понуди, Институтот при носењето на одлуката обрнува внимание и на други работи како што се: Дали компанијата обезбедува тренинг за своите вработени и можноста за развој на талентот на сите нивоа.

Веднаш по добивањето на наградата, претседателот на Ducati, Клаудио Доминикали изјави:

Во Ducati се обидуваме професионалното искуство да го направиме мотивирачко и полно со задоволство. Сертификатот што го добивме ги истакнува резултатите од нашата напорна работа. Ние веруваме дека нашите вработени се исто така и наши најголеми фанови и сакаме да направиме тие да се чувствуваат добро. Тоа е од големо значење за брендот чија стратегија зависи од страста и силата на заедницата.

2015 беше одлична за Ducati. Оваа година тие не само што ја зголемија продажбата туку и го зголемија бројот на модели.

Во 2015, Ducati продаде 54,800 мотоцикли што е за 22% повеќе во однос на 2014 година. Речиси третина од нив беа „Scrambler“. Продажбата најмногу беше зголемена на интернационалниот пазар. Со оглед на тоа дека претставија 9 нови модели на ECIMA 2015, иднината на Ducati изгледа навистина добра. Следните години, Италијанскиот производител може да очекува уште награди.  

Back To Top