Изгледа дека Франција не е единствената Eвропска земја која има смешни закони поврзани со мотоциклистите.

led-jakna

Изгледа дека Франција не е единствената Eвропска земја која има смешни закони поврзани со мотоциклистите.

Еве една чудна законска регулатива која ни доаѓа од Холандија, забрана за употреба на светла на мотоциклистичката облека. Ова вклучува кациги, јакни, панталони и чизми.  Единствено место каде што може да има светло останува самиот мотор.

Оваа регулатива е малку чудна, бидејќи да се биде видлив во текот на ноќта е еден од основните безбедносни елементи при возењето на мотор на јавни патишта.  Производителите како Triumph, имаат вградено LED осветлување во нивните OEM јакни, бидејќи тоа навистина има смисла кога треба да бидеш виден.

Други слични работи се достапни за инсталирање на кацигиите на возачот и совозачот, LED сигналните елеци стануваат се почести во светот на мотоциклистите.... но надвор од Холандија. Единствени на кои им е дозволено да носат осветлени работи на нив се велосипедистите.

Немаме разумно објаснување за ваквата забрана, доколку вие имате, ве молам споделете го со нас.

Back To Top