motori big_suzuki_burgmanИталијанскиот сенат вчера го одобри новиот закон кој главно е насочен кон подобрување на економијата на земјата од 2013, но во него стои и дел кој е интересен за нас. Имено, според новиот закон кој стапува на сила на 18-ти декември, сите скутери, мотоцикли и трицикли со зафатнина до 125цц треба да имаат барем опционален „ABS“ систем.

big suzuki_burgman

Италијанскиот сенат вчера го одобри новиот закон кој главно е насочен кон подобрување на економијата на земјата од 2013, но во него стои и дел кој е интересен за нас. Имено, според новиот закон кој стапува на сила на 18-ти декември, сите скутери, мотоцикли и трицикли со зафатнина до 125цц треба да имаат барем опционален „ABS“ систем.

Според законот, од 2013-та на територијата на Италија сите нови мотори и скутери кои ќе се продаваат ќе треба да имаат систем против блокирање на сопирачките, или барем да го имаат како опција за купување. Иако не е директно наложено да се има „ABS“, сепак бројот на нови мотори/скутери кои доаѓаат со опционален „ABS“ е значително помал од досегашната понуда.

Реакциите во моторџиската јавност се бурни, италијанците сметаат дека со ова ќе ја влошат економската состојба на земјата наместо да ја подобрат. Понудата на нови скутери и мотори со мала зафатнина ќе се преполови, а со тоа и цените ќе се покачат. Од друга страна владата го правда законот со барањето на Европската Унија, која како што е најавено за сите земји членки од 2016 година, „ABS“ системот ќе биде задолжителен за секој мотор.

Back To Top