Cycle World известува дека Масимо Борди замина од MV Agusta откако неговиот договор не беше продолжен од Италијанската компанија.

Massimo-Bordi-Giovanni-Castiglioni-MV-Agusta

Cycle World известува дека Масимо Борди замина од MV Agusta откако неговиот договор не беше продолжен од Италијанската компанија.

Доколку се сеќавате, Борди беше донесен во MV Agusta од страна на покојниот Клаудио Кастиљони, откако семејството Кастиљони ја купи компанијата од Harley-Davidson.

Изборот неговиот син Џовани Кастиљ,они да биде претседател на компанијата а Борди извршен директор, многумина го видоа како обид да му се помогне на младиот Џовани додека го учи бизнисот.

За многумина вклучени во компанијата заминувањето на Борди не е големо изненадување.

На многу начини, MV Agusta сеуште функционира како да е дел од Harley Davidson. Голем дел од она што го видовме од MV во изминативе години беше развиено во периодот додека тие сеуште беа во сопственост на компанијата од Милвоки. MV Agusta F3 675, MV Agusta Brutale 675, и MV Agusta Rivale 800 го должат своето постоење на Harley Davidson.

Следното поглавје од развојот на MV Agusta ќе дојде од сегашните лидери. Борди сигурно ќе има влијание. Сепак, сметаме дека наредните години сигурно ќе бидат познати по владеењето на Џовани со MV Agusta.

Сега откако и официјално е на чело на компанијата, ќе биде интересно да се види што 33 годишниот извршен директор ќе направи со познатиот мотоциклистички бренд.

Back To Top