На аукција која минатата недела се одржа во Париз беа продадени мотоциклот Харли Дејвидсон и моторџиска јакна во сопственост на Папата Францис за неверојатни 299.000 евра.

Pope-Francis-Harley-Bonhams-Auction-sale-1

На аукција која минатата недела се одржа во Париз беа продадени мотоциклот Харли Дејвидсон и моторџиска јакна во сопственост на Папата Францис за неверојатни 299.000 евра.

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Францис го доби како подарок новиот Harley-Davidson Dyna Super Glide со зафатнина од 1585цм3 во јуни 2013 година од самата фабрика.

Аукцијата која ја организираше лондонска аукциска куќа „Bonhams“ траеше само шест минути, колку што беа потребни за мотоциклот и јакната на папата да ги добијат новите сопственици. Притоа, Харлито беше продадено за 241.500 евра на купец од Европа, а јакната за 57.500 евра ќе биде испратена преку океанот.

papa-jakna2

Аукцијата беше организирана со цел да се соберат средства за обнова на хостелот „Caritas Roma’s Don Luigi di Liegro“ и народната кујна лоцирани во близина на железничката станица Термини во Рим, Италија.

Хостелот кој бил отворен пред 30 години имал за задача да им обезбеди помош на бездомниците, луѓето без работа, како и на сиромашните луѓе во Рим. Благодарение на Харлито кое го донираше Папата, хостелот ќе продолжи да им помага на повеќе од 1000 луѓе секој ден.

Back To Top