Motul Италија се мобилизираше за прослава на успехот на црвено-белиот бренд на мото шоуто кое се оддржа во Верона од 22 до 24 јануари.

Motul Италија се мобилизираше за прослава на успехот на црвено-белиот бренд на мото шоуто кое се оддржа во Верона од 22 до 24 јануари. Шоуто привлече повеќе од 150.000 посетители кои можеа да погледнат три интернационални тркачки машини на комплетно редизајниран штанд на Motul кој имаше поврзина од 270 квадратни метри. На него се најдоа: Мотоциклот на Ducati кој Barni Racing тимот го користи во WSBK серијата, мотоциклот на Suzuki од MotoGp сезоната 2015 и CRF450, мотоциклот со кој HRC Honda учествуваше на последното рели Дакар.

Motor Bike Expo Motul booth

Голема возбуда имаше на штандот на Motul на 22-ри јануари кога беше прикажан Motul Onirika 2853. Замислен од страна на Motul, а дизајниран и изграден од страна на GPD дизајн од Торино, овој футуристички мотоцикл се базира на MV Agusta Brutale 800. Името Onirika евоцира соништа, а бројката 2853 ја претставува иднината на Motul кој потекнува од 1853 година. Транзицијата која го претставува технолошкиот развој но и ги задржува основните вредности ја обликуваа историјата на овој бренд.

На крајот, Motul арената на која имаше голем број на настапи и акробации повторно успеа да собере голема публика и беше вистинско задоволство за сите ентузијасти. 

Back To Top