Еден од најпознатите производители на мотоцикли, MV Agusta, во 2016 година потпиша глобален договор со Motul. Со него се одобрува употребата на големата линија на производи на компанијата во сите мотоцикли на Италијанската фабрика.

Заедно со уште пет новинари ја посетивме фабриката на MV Agusta во Варезе и имавме можност да поразговараме со претседателот на компанијата Џовани Кастилиони и директорот за истражување и развој, Брајан Гилен.

Фабриката е навистина уникатно место каде што се соништата рачно се изработуваат и се креираат ексклузивни машини. Од хангарите кои се наоѓаат на брегот на езерото Варезе и каде што во минатото се изработуваа авиони, MV Agusta ја продолжува традицијата на изработка на високо квалитетни производи. Но она што е уште поважно, фабриката нема роботи, секој мотоцикл се изработува рачно од страна на експертите кои работат таму.

EJ5T7021l 2

Господинот Кастилиони, го објаснува нивниот фокус, дизајн и инжинерство.

Господине Кастилиони, што мислите за договорот со Motul во однос на инженерството?

-На ова не гледам како на едноставно бизнис партнерство со лидерот во индустријата за лубриканти туку како чест кон фундаменталната состојка која учествува во процесот на изработка на нашите мотоцикли.

Господине Гилен, во вашата улога како директор за истражување и развој, кои се техничките предности од соработката со Motul?

-Нашата цел е да креираме и развиеме технологија која ќе ги задоволи потребите на нашите потрошувачи, а во исто време да ги исполниме и строгите законски ограничувања во однос на емисијата на штетни гасови. Motul е нашиот стратегиски партнер во ова патување притоа нудејќи ни голем опсег на технички решенија во бесконечната борба против триењето и намалувањето на контактот.

Brian Gillen

Авантурата која траеше четири дена не однесе од фабриката, преку прекрасните пејсажи на езерото Комо се до нашата конечна дестинција, Имола.

Брендот MV Agusta има долгогодишна пасија кон натпреварувањето, исто како и Motul. Во договорот е вклучена и заедничката соработка во Motul FIM World Superbike шампионатот каде настапува MV Agusta Reparto Corse тимот. Сите нивни мотоцикли кои се тркаат користат продукти од линијата на Motul, особено познатиот лубрикант 300V како и производите од линијата Motul MC Care.

yamaha ys125 2018 4

Back To Top