Motul презентираше ново масло наменето за тркање, 300V²  10W-50, на најголемото мото шоу кое се одржа во Милано, EICMA.

Со директна еволуција од легендарното 300V, ова масло ќе ви обезбеди дополнителни перформанси. Тоа е составено од помалку фосилни материјали и обезбедува помало загадување при процесот на создавање.

Пионер кај синтетичките масла, Motul за прв пат ја претстави линијата 300V во 1971 година и тоа беше моторно масло специјално дизајнирано за тркање. Во текот на годините, постојано е тестирано во најголемата лабораторија: трките. Сега се користи како стандарден дел во сите тимови и учествува во сите легендарни трки.

motul 300v 1

А во потрагата по што е можно подобри перформанси, Motul го создаде 300V² 10W-50.

Оваа нова технологија на тркачко масло има хемиски и механички карактеристики чија цел е да ги подобрат перформансите на моторот.

За оф роуд возење:

- Нуди поголем број на вртежи

- Го оптимизира триењето

- Поголема сигурност кај менувачот

За возење на патека:

- Обезбедува поголема моќност

- Оптимизирана стабилност на кислородот која ја зголемува издржливоста на маслото

- Нуди постојани перформанси на моторот

Покрај тоа што обезбедува подобри перформанси, маслото има органска основа која го ограничува неговото влијание врз животната средина

- Користи обновливи материјали

- За 18% е намалено испуштањето на јаглерод диоксид за време на производството

Back To Top