Yamaha и Öhlins имаат многу заеднички работи. Двете компании настанаа од конкуренцијата и продолжуваат да ја делат посветеноста кон натпреварувањето.
Yamaha и Öhlins имаат многу заеднички работи. Двете компании настанаа од конкуренцијата и продолжуваат да ја делат посветеноста кон натпреварувањето. Секој бренд посебно е признаен како главен иноватор во својата област. Низ текот на годините, тие воспоставија долга и успешна соработка и ги создадоа најдобрите производи за своите потрошувачи.
Последната соработка меѓу овие две компании ни донесе нови делови за предната вилушка како и амортизери кои ќе се употребуваат кај најпопуларните модели на Yamaha во Hyper Naked, Sport Heritage и Sport Touring сегментите.
Тие имаат голем степен на прилагодливост, а на располагање ќе има и голем број на федери во зависност од тежината на возачите. Овие првокласни производи на Öhlins нудат одлични перформанси како и поголема контрола.
Дилерите на Yamaha можат да им ги обезбедат овие производи директно на потрошувачите, а со тоа сопствениците на MT, XSR, Tracer, XV950 и YZF-R3 ќе можат да го прилагодат мотоциклот според својот стил на возење. Производите на Öhlins ќе бидат застапени и на 3Д конфигураторот на Yamaha, кој ќе им овозможи на возачите да направат мотоцикл според сопствено мислење преку аппликацијата My Garage.
За 2017 година, опсегот на Öhlins делови ќе ги вклучи и моделите YZF-R1, YZF-R6 и MT-10. Со ова, љубителите на мотоциклите на Yamaha ќе имаат можност сами да го креираат својот мотоцикл.