2018 Vespa World Days заврши завчера во Белфаст. Следниот ваков настан ќе се оддржи во 2019 година во Унгарија

Прекрасниот главен град на Северна Ирска беше домаќин на повеќе од 3000 веспи кои беа регистрирани за учество на настанот. Покрај нив, дојдоа уште илјадници други веспи од Велика Британија и Република Ирска. Вкупно имаше претставници од 37 земји- од САД до Индонезија, Австралија ,  Мексико, Канада и Кина, вклучувајќи притоа голем број на Европски земји па се до Израел. Вистински доказ за универзалната привлечност која ја има Веспа и која во моментов го има еден од своите најтриумфални периоди.

08 vwd 2018

Спектакуларната парада помина покрај замокот „Causeway“, покрај зелените полиња и северното море. На патот кон Белфаст беше пресретната од илјадници лица.

Од големиот број на Веспи кои беа дел од настанот, наградата за најстара и најскапоцена Веспа ја доби 1951 Vespa Douglas, која беше во одлична состојба и која се уште ја има оригиналната резервна гума.

11 vwd 2018

Традиционално, последниот чин од целиот настан беше прогласувањето на освојувачите на трофејот Веспа, баран сувенир кој е креиран во соработка со Michelin. Наградата отиде во Италија благодарение на Веспа клубот Верона. На второто место се најде Веспа клубот Морчиано ди Ромања, а трет беше Белгискиот Веспа клуб, Остенде. Специјална награда добија претседателите на Веспа клубовите од Кипар и Остенде. За прв пат наградата за соло возач на Веспа отиде во рацете на жена која е дел од Веспа клубот Прага и која само за оваа манифестација сама помина речиси 6000 километри.

04 vwd 2018

Следниот настан ќе се оддржи во Унгарија во 2019 година

„Vespa World Days “ преставува прослава во чест на легендарната Веспа. Скутер кој ги надмина првичните очекувања и кој е одлично превозно средство кое можете да го користите секој ден. Стана вистинска, глобална икона, обожувана од многу генерации. Нејзината популарност почна да расте уште од 1946 година кога беа формирани и првите Веспа клубови. Денеска, ширум светот постојат 53 клубови кои се поврзани со „Vespa World Club“ како и стотици локални клубови. Вкупно, низ светот, има повеќе од 120,000 членови.

Back To Top