Дали треба и кај нас да дочекаме фатална сообраќајна незгода за надлежните да го средат проблемот со лизгавата боја на улиците?

Побарана е итна истрага за да се утврди каква е површината на Лондонските патеки за велосипедисти по смртта на еден мотоциклист кој возел на нив. Возачот, Милан Докиќ (49), загина од повредите кои ги здоби откако удри во заштитната ограда поставена на една од улиците во Лондон на 1-ви март минатата година.

Battersea Park Road London 0

Според извештајот на официјалниот претставник, мотоциклот очигледно дека ја загубил тракцијата додека возел на сино обоениот дел од патеката „CSH8“ кој сообраќа од едниот до другиот крај на Лондон.

Во извештајот на иследникот Расел Колер се вели:

„Постои неадекватен систем за утврдување на површината на CSH8 како и на другите патеки за велосипеди и улици низ Лондон. Потребно е спроведување на итна научна истрага со цел да се утврди каква треба да биде идеалната површина на патеката и тие податоци после тоа треба да се спроведат на сите патишта низ Лондон.“

Ваквото барање следува откако иследникот открил дека површината на патот на местото каде што господинот Докиќ загинал е во многу полоша состојба отколку на другите патишта, а отпорноста при триењето изнесува само 56.3 во споредба со другите површини каде што изнесува 77.05’.

Истрагата која следувала веднаш по несреќата утврдила дека смртта на господинот Докиќ е несреќен случај и настанала како последица на невнимание.

Леон Даниелс, кој е одговорен за површината на патиштата низ Лондон, за Британските весници изјави: „Нашите мисли остануваат со семејството и пријателите на починатиот. Сега го разгледуваме извештајот на иследникот и ќе преземеме се за да ги решиме сите прашања кои беа покренати. Сите површини на велосипедските патеки 7 и 8 се целосно обновени. Исто така спроведовме и темелна истрага и на другите патеки и ќе продолжиме така и во иднина.“

Back To Top