Да се биде број 1 возач во историјата на мото спортот си има свои предности, но понекогаш повлекува и правење на работи кои во најмала рака не се нешто на што фановите се навикнати.

Валентино Роси не само што е нај платен возач во МотоГП, тој остварува и дополнителни приходи од различни договори со своите спонзори. Имајќи во предвид дека Јамаха е главниот спонзор, често се случува Роси да биде задолжен за работи кои компанијата ги бара од него.

YamahaAerox125LC 1

Некој во маркетинг тимот проценил дека појавувањето на Роси во реклама за новиот Yamaha Aerox 125 LC за Азискиот пазар ќе придонесе за продажбата, па „Докторот“ мора да го прави тоа што мора да го прави.

Иако сме навикнати да го гледаме во реклами за R1, овојпат се појавува на скутер низ бетонската џунгла, а големиот возач зад малиот скутер дава одлична изјава: „Сè е до возачот, не до моторот“.

Back To Top