Piaggio ги најави новите MP3 модели меѓу кои се подобрените верзии на скутерите со зафатнина од 500cc како и целосно новите 350cc верзии.

Скутерот со три тркала кој може да се вози и доколку поседувате возачка дозвола за автомобил, беше претстставен заедно со промотивно видео на кое може да се види како MotoGP возачите, Скот Рединг, Алеш Еспаргаро возат по патеката во Муџело.

Scott Redding

Piaggio MP3 500 моделите ќе бидат поделени во два дела кои ќе имаат Спорт и Бизнис спецификации како и нов мотор кој ќе има поголема моќност, нов екран и седиште.

Piaggio MP3 350, ќе има целосно нов 350cc мотор со моќност од 30 коњски сили, нов екран, предни дискови и прооменет изглед.

Новите модели ќе бидат опремени и со ABS и ASR кои треба да спречат лизгање на задното тркало.

На промотивното видео на компанијата можеме да видиме како се забавуваат возачите на Aprilia, Рединг и Еспаргаро. Британскиот возач пак на своите профили на социјалните медиуми објави дел од триковите кои ги направи со скутерот.

A post shared by Reddingpower (@reddingpower) on

Back To Top