Сите модели на Suzuki GSX-R (600, 750 и 1000 цм3) произведени од 2004 година па до денес ќе бидат подложни на замена на кочиониот цилиндар на предните кочници.

gsx-r750

Сите модели на Suzuki GSX-R (600, 750 и 1000 цм3) произведени од 2004 година па до денес ќе бидат подложни на замена на кочиониот цилиндар на предните кочници.

Сузуки одлучи да ги повлече сите мотори во своите сервисни центри заради големиот број на поплаки од корисниците дека по одреден период предната кочница станува сунѓереста. По деталното испитување, инженерите на Сузуки откриле дека причината за ова е влагата која ја апсорбира глицеринот, а која се создава заради кочиониот цилиндер. Повратниот федер потоа не функционира како што треба и предната кочница не е на висина на задачата.

Со ова повлекување засегнати се сите модели произведени во периодот од 2004 до 2013:

GSX-R600 - K4, K5, K6, K7, K8, K9, L0, L1, L2 и L3 модели
GSX-R750 - K4, K5, K6, K7, K8, K9, L0, L1, L2, и L3 модели
GSX-R1000 - K5, K6, K7, K8, K9, L0, L1, L2 и L3 модели

Сузуки ќе ја прави промената бесплатно во сите свои овластени претставништва. За жал во Македонија немаме овлестен застапник за Сузуки, па доколку возите GSX-R посетете го најблискиот сервисер, и побарајте да направи детално испитување на предниот систем за кочење.

Извор: MCN

Back To Top