Suzuki поднесе неколку патенти за полу автоматска трансмисија која би можела да се најде во следната генерација на Hayabusa моделите.

Досега компанијата поднесе три патенти кои се однесуваат на три различни аспекти од оваа технологија, а патентите се поднесени во Јапонија, САД и Германија.

Тие се дело на Хидетаки Такахаши кој исто така има уште неколку други патенти поврзани со преносот на Suzuki. Патентот ја објаснува употребата на „actuators“ при контролата на кумплугот како и менувањето на брзини. Резултатот е полу автоматска трансмисија, поточно, автоматска мануелна трансмисија (AMT).

021518 Suzuki Hayabusa automatic transmission patent f

Работи на принцип на притискање на педалата која испраќа електронски сигнал до ECU да иницира промена на брзината. Иако се тврди дека овој концепт би можел да се употреби кај други мотоцикли како и кај други превозни средства, засега сите цртежи се засноваат на Hayabusa. Но пред да продолжиме понатаму, да ги разгледаме и ограничувањата:

  1. Идеите на патентите не секогаш стигнуваат до производство.
  2. Ако пак се искористат, нема точно определен рок до кога треба да се најдат во производство.
  3. Сликите на патентите понекогаш се користат како илустрација и не мора да значи дека идниот производ ќе биде таков.

Во однос на последната точка, сликите на патентот изгледаат како актуелниот Hayabusa (или на некои пазари познат и како GSX1300R), со сличен изглед на моторот, рамката како и дистинктивниот заден дел на мотоциклот. Актуелниот Hayabusa за прв пат беше воведен во 2008 година и од тогаш па се до денес претрпе само една промена. Mожно е дури и оваа полуавтоматска трансмисија да биде применета кај овој модел. Сепак, да не заборавиме, Hayabusa не е во согласност со Euro 4 регулациите и наскоро нема да биде дозволена негова продажба на пазарите во Европа.

021518 Suzuki Hayabusa automatic transmission patent 12 552x388

Се очекува замената за него да пристигне во 2019 година, а според гласините кои ги има во моментов, се очекува новиот мотоцикл да има 1440cc или пак „turbocharger“. Тоа би имало некаква смисла, а исто така би ги доближила до нивниот најголем конкурент Kawasaki Ninja ZX-14R. Гласините за „turbo“ можеби се далеку од остварување со оглед на тоа дека Suzuki од претходно најави дека планираат да ја аплицираат оваа технологија кај моторите со средна големина.

021518 Suzuki Hayabusa patent US20180043969 8 492x388

Ќе мораме да почекаме за да видиме дали или пак кога Suzuki планира да го претстави новиот Hayabusa или дали тој ќе ја користи новата полуавтоматска трансмисија. По 31 декември 2018 година, актуелниот модел нема да смее повеќе да се продава во Европа па затоа можеме да очекуваме за време на саемот „EICMA“ во Милано или пак на саемот „Intermot“ во Келн оваа година да биде претставена новата верзија како модел за 2019 година.

Back To Top