motori imagesЧетврта по големина Индиска фабрика за мотоцикли TVS е во преговори со водечката компанија за производство на мотоцикли од Германија, BMW.

tvs-apache-green

Четврта по големина Индиска фабрика за мотоцикли TVS е во преговори со водечката компанија за производство на мотоцикли од Германија, BMW.

Иако постојат неколку детали за тоа што се случува меѓу двете компании, како што е објавено од Wall Street Journal, TVS се надева да добие техничка подршка од BMW за производсто на мотоцикли со поголема зафатнина.

Најверојатно, ќе заврши во некој вид на стратешко партнерство, бидејќи за БМВ е примамлива дистрибутивната мрежа на TVS. Помошта во агрегатите над 500цц ќе им дојде како одлична замена за соработник на пазарот на кој сите големи играчи бараат партнери.

Други гласини околу договорот укажуваат на тоа дека TVS може да му помогне на BMW да создаде мотор и со помала зафатнина, специјално дизајниран за Индија, кој би бил достапен и на другите пазари кои се во развој како што е Јужна Америка и Југоисточна Азија.

Конкуренцијата на TVS, Bajaj и Hero MotoCorp веќе бараат сојузништво со западните брендови, па така TVS покрај тоа што бара да воспостави основа на Индискиот пазар тие сакат да создадат и одбранбена позиција во поконкурентната Индиска мото индустријата. Bajaj зазема сериозен удел во КТМ, и гласините за Hero MotoCorp дека ќе инвестира во (ако не и купување) Erik Buell Racing, а тука е и веста за TVS и BMW што зборува за меѓународна соработка која создава мешаница околу иднината на мотоциклизмот.

Новите пазари како што е Индија постојано се надополнува и одат напред во светски рамки, па останува да видиме какви се комбинации на брендови ќе се случат во иднина, а ваквиот развој сигурно дека ќе придонесе за нови модели на мотоцикли, но и намалување на цената на истите.

Back To Top