Како што веќе известивме, Victory се здружи со Playboy и направија навистина добра фотосесија за 2013 година.

playboy-playmate-autographed-victory-cross-country-bike-on-ebay-photo-gallery-720p-18

Доколку сеуште размислувате дали да го купите новиот Victory Cross Country, еве ви добар поттик за да го направите тоа.

Како што веќе известивме, Victory се здружи со Playboy и направија навистина добра фотосесија за 2013 година.

Каталогот е готов и изгледа одлично, Плејбој вилата е во позадина, а трите зајачици Ракел Помплун, Ана Софија Берглунд и Киара Прајс ги презентираат моторите. Ракел беше избрана да се појави на насловната страна на каталогот, но тоа не значи дека и останатите две девојки не се исто толку добри како и моторите... само погледнете ја галеријата и сигурно ќе се согласите.

Моторот од насловната страна, Victory Cross Country 2013, има автограм  од девојките и ќе биде ставен на аукција на eBay Motors која ќе трае од 21 до 28 Март.

Целата добивка од аукцијата ќе биде донирана на „Operation Gratitude“, добротворна организација која нуди морална подршка на американските војници и нивните семејства.

Back To Top