Чез Дејвис успеа да стигне до победа на втората трка која се возеше во Арагон и со тоа се искачи на второто место во шампионатот.

На возачот која доаѓа од Велс воопшто не му беше лесно да стигне до победата со оглед на тоа дека тимскиот колега Марко Меландри и Џонатан Реа му пружија силен отпор, а исто така тука беше и возачот на Barni Ducati, Чафи Форес, кој на крајот сепак не успеа да дојде до позиција која носи на подиумот.

davieswin

Настаните кои се случуваа за време на последниот круг меѓу Дејвис и Реа многу потсетуваа на трката во 2017 година. Но така беше се додека Реа не направи грешка која му овозможи на Дејвис да стигне до победата.

Меландри успеа да дојде до место на подиумот откако излезе како победник во дуелот со возачите на Yamaha, Алекс Ловс и Михаел ван дер Марк.

Том Сајкс повторно имаше тежок викенд и на крајот заврши на шестата позиција пред шампионот од Superstock 1000, Михаел Риналди кој настапи со третиот мотоцикл на Aruba Ducati.

Возачот на MV Agusta, Жорди Торес заврши на осмата позиција додека пак Топрак Разгатлиоглу и Лоренцо Савадори ги заокружија првите десет позиции.

После три рунди,  Џонатан Реа се наоѓа на првото место на табелата со предност од 12 поени пред возачите на Ducati, Дејвис, Меландри и Форес.

wsbr2

Back To Top