Огромен успех и импресивно наследство, ова се само неколку фрази кои можеме да ги искористиме за да ја опишеме сезоната 2018 за Џонатан Реа во која успеа да стигне до четвртата титула во WSBK серијата.

Со овој резултат, Реа стана само четвртиот возач во историјата на кој му успеало да дојде до четири титули во серијата. Но, она што е уште поважно, тој е прв на кој му успеа титулите да ги освои една по друга.

reachampionvideo full

Со својот Kawasaki Ninja ZX-10RR, Реа беше на врвот во речиси секоја трка од шампионатот. И покрај воведувањето на новите правила, Реа и неговиот тим успеаа лесно да се прилагодат и не им додоа многу можности на нивните ривали да ги нападнат.

Имаше некои трки и патеки на кои се чинеше дека Ducati ќе може да му парира на Kawasaki. Џонатан Реа имаше конкуренција од страна на неговиот тимски колега, Том Сајкс. Сепак, Реа успешно се спротистави и на крајот победи на 62 проценти од трките кои се одржаа оваа сезона, а на подиумот се најде 86% од времето.

Сега на Реа му остануваа уште пет трки на кои едноставно ќе може да ужива во возењето.

„Ова е едноставно неверојатно. Не знам што да кажам, завршивме одлична работа овој викенд, бевме брзи и имавме добро темпо,“ изјави Реа.

„Бев само младо момче од Северна Ирска кое сонуваше да освои титула, а денеска сум четири кратен Светски шампион.  Им благодарам на сите кои веруваа во мене во текот на изминативе години.“

Back To Top