Марко Меландри ја оствари својата прва победа по 2014 година. Ова за него беше и прва победа со тимот на Aruba.it Racing Ducati

Марко Меландри стигна до својата прва победа по 2014 година откако успеа да слави на втората трка во Мизано. Ова за него беше и прв триумф со тимот на Aruba.it Racing Ducati. Италијанскиот возач успеа да се поправи откако падна во последниот круг од трката број еден. Одлично стартуваше на втората трка и за кратко време се најде зад Чави Форес и Жорди Торес. Откако Форес мораше да ја напушти трката поради механички проблем со моторот, Меландри се впушти во потера по Торес и веќе во дванаесетиот круг успеа да го претекне. После тоа, тој само ја зголемуваше предноста.

melandri pobeda

На три круга до крајот и Торес мораше да ја напушти трката поради проблеми со мотоциклот, а тоа му овозможи на Меландри уште поголема предност пред возачите на Kawasaki кои беа зад него.

Со овој триумф на Меландри беше одбележан уште еден јубилеј, односно 100 – та победа на некој Италијански возач во Светскиот Супербајк шампионат.

Џонатан Реа заврши на второто место и дополнително ја зголеми предноста пред својот тимски колега Тој Сајкс кој беше трети. Михаел ван дер Марк, кој настапува за Pata Yamaha, заврши на четвртото место, а Јуџин Лаверти од Milwaukee Aprilia, го постигна својот најдобар резултат оваа сезона откако на крајот се најде на петото место. Веднаш зад него беа неговиот тимски колега Лоренцо Савадори и Рафаеле Де Роса.

Возачот на Puccetti Kawasaki, Ренди Круменашер беше осми и на крајот заврши пред Леандро Меркадо и Стефан Бредл.Аиртон Бадовани и Ондреј Језек беа останатите двајца возачи кои успеаа да освојат поени.

Back To Top