WSBK

Гинтоли: Ќе се натпреварувам во 2018 година

Силвиан Гинтоли пoтврди дека ќе се натпреварува следната сезона иако го загуби местото  во Светскиот и во Британскиот Супербајк шампионат.

Следете нè на:

 

Французинот беше поврзуван со премин во Puccetti Kawasaki по двата настапи кои ги имаше во текот на минатата сезона. Сепак, од таму потврдија дека шанса следната сезона ќе му дадат на младиот Туrски возач, Топрак Разгатлиоглу.

После тешката година во Британскиот супербајк шампионат, постоеја гласини дека тој ќе остане дел од серијата но сепак на крајот работите се променија. Гинтоли сепак потврди дека ќе се натпреварува следната сезона но не прецизираше во кој тим.

guintoliride
„Ќе се тркам следната година, тоа можам со сигурност да го кажам. Не можам да ви откријам повеќе информации но дефинитивно ќе се натпреварувам.“

Постојат гласини во однос на тоа за кој тим ќе настапува, а неколкумина шпекулираат и дека би можел да премине во „Endurance“ Светскиот шампионат по одличниот настап кој го имаше на Сузука.

Една од должностите со која Гинтоли дефинитивно ќе продолжи е тестирањето на MotoGP мотоциклот на Suzuki. Тој имаше импресивен настап на трите трки на кои настапи како замена за Алекс Ринс. Тоа беше и доволна препорака јапонската компанија да му овозможи дополнителни тестирања, вклучувајќи го и неодамнешниот кој се оддржа во Херез. Тимскиот шеф на Suzuki, Давиде Бривио вели дека сака да ја продолжи соработката.

„Имав одлична соработка со MotoGP тимот на Suzuki. Кога прв пат се качив на мотоциклот, чувството беше одлично и мислам дека му помогнав на тимот со некои од проблемите со кои се соочуваше. Нема подобро чувство за еден возач од тоа кога настапува со MotoGP мотоцикл. Не верував дека ќе имам ваква можност кога прв пат потпишав договор со Suzuki.“

„Самиот мотоцикл ми покажа многу работи кои потоа успеав да им ги пренесам на инжињерите. Тие успеаа да ги направат потребните промени и мислам дека тоа е целата поента на тестовите. Навистина уживав додека возев а од тимот видоа дека тоа што го кажувам има смисла.“

Не е прв пат MotoGP тимовите да им даваат вајлдкарта на тест возачите. КТМ само што потврди дека нивниот тест возач Мика Калио следната сезона ќе настапи на пет Гран При трки.

Би можело да ве интересира

„Лошо поврзаните гумени црева би можеле да се стопат, да истече горивото и да предизвика пожар“

Менувањето на вашиот автомобил за некое вакво превозно средство ќе го намали загадувањето, а исто така и метежот во сообраќајот.

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеше четвртата рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, а младиот Христијан Бузалковски забележа уште еден одличен викенд зад себе.

Тимскиот менаџер Давиде Тардози вели дека тимот отсекогаш знаел дека новиот возач на Honda, Хорхе Лоренцо, во одреден момент ќе почне да победува

„Менувачот и издувот го прават излегувањето од свиок многу подобро. Токму тоа го баравме јас и Лоренцо“ - Данило Петручи

Израелската компанија „Ride Vision“ претстави систем кој му овозможува на вашиот мотоцикл да ве предупреди на можноста од сообраќајна несреќа.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!