Стигна потврда дека Алекс Ловс ќе остане во PATA Yamaha и во 2018 година. Поранешниот Британски шампион му се приклучи на тимот кој се врати во серијата минатата сезона и за нив ќе ја вози третата сезона.

Стигна потврда дека Алекс Ловс ќе остане во PATA Yamaha и во 2018 година. Поранешниот Британски шампион му се приклучи на тимот кој се врати во серијата минатата сезона и за нив ќе ја вози третата сезона. Во текот на 2017 година тој оствари значителен напредок во перформансите и постојано е во борба за место на подиумот.

Lowes WSBK

Тој неодамна победи и на престижната „Suzuka Eight Hours“ трка заедно со тимскиот колега Михаел ван дер Марк кој исто така ќе биде дел од тимот следната сезона.

Со оглед на промената на правила со кои тимовите ќе бидат поизедначени, двоецот се очекува значително да ја подобри својата позиција во 2018 година.

„Среќен сум што ќе продолжам со тимот и во 2018 година. Се чувствувам како дел од семејството и мислам дека оваа сезона постигнав значителен напредок. Сакам да продолжам со тоа за тимот да се најде онаму каде што припаѓа, на врвот. Тоа е мојата цел и мисија. Сакам на сите да им се заблагодарам на поддршката која ми ја даваат и се надевам дека ќе им се оддолжам со добри резултати.“ - изјави Ловс

Back To Top