Супербајк шампионатот започна овој викенд со првата рунда која се возеше на патеката Филип Ајленд, а која му припадна на возачот на Дукати - Марко Меландри.
Марко Меландри успеа да му ја одземе победата на Џонатан Реа за само 0.021 секунда на втората трка која се возеше на Филип Ајленд и со тоа стигна до двојна победа.
Како што трката се приближуваше до самиот крај, се чинеше дека Реа ги има работите под контрола. Но Меландри во последниот свиок успеа да го претекне и актуелниот шампион на крајот мораше да се задоволи со второто место. Ова за Реа е и најлош почеток на сезоната откако во 2015 година премина во Kawasaki.
Возачот на Barni Ducati, Чави Форес, беше во водство се до задолжителното влегување во гаражите. На крајот Шпанецот сепак успеа да се искачи на подиумот откако го освои третото место. Том Сајкс не успеа да ја повтори трката од саботата и на крајот заврши на четвртото место пред возачот на PATA Yamaha, Алекс Ловс.
Леон Камиер имаше добар старт со тимот на Red Bull Honda и на крајот се најде на шестото место, а Михаел ван дер Марк беше седми.
Жорди Торес успеа да го претекне Лорис Баз за осмата позиција додека пак дебитантот Торпак Разгатлиоглу ги комплетираше првите десет места.
Јуџин Лаверти, кој на почетокот на трката беше во водство, излета од патеката но сепак успеа да се врати. На крајот тој заврши на петнаесетото место.
Генерален пласман по првата рунда:
- 50DUCATI
- 33KAWASAKI
- 31KAWASAKI
- 29DUCATI
- 21YAMAHA
- 19HONDA
- 16DUCATI
- 16YAMAHA
- 12BMW
- 10KAWASAKI
- 9APRILIA
- 9KAWASAKI
- 8MV AGUSTA
- 7KAWASAKI
- 7HONDA
- 2HONDA
- 1