Деталите од договорот меѓу Dorna и Motul беа објавени на патеката Мањикур, Претставниците на Motul и  Dorna, Роман Грабовски и Марк Саурина, заедно пред насобраната публика го објавија договорот за партнерство.

Motul, Француска компанија за производство на масло за подмачкување и лубриканти, има долга историја во мотоспортот. Таа е главен партнер на FIM и Dorna а својот деби настап во WSBK ќе го  има во 2016 година и ќе биде главен спонзор на шампионатот.

Почнувајќи од претстојната сезона, серијата ќе има поинакво лого како и комплетно нова серија на производи под брендот Motul-SBK. Тој ќе биде промовиран во првата четвртина од сезоната и ќе биде наменет за сите потрошувачи кои го сакаат најдоброто.

Во меѓувреме, маслата и лубрикантите ќе им бидат достапни на сите тимови кои се натпреваруваат во WSBK.

Motul ја разбира SBK и планира на своите потрошувачи да им понуди производ кој најмногу ќе ги доближи до тркачкото искуство. Точноста и достапноста се главните фактори.

Motulweb

Производте на Motul ќе можат да се најдат во гаражите и ќе им бидат достапни на сите фанови кои ќе присуствуваат на трките. Со тоа се создава перфектно партнерство меѓу фановите, тимовите и гостите на Motul.

Менаџерот на Motul MotosportРоман Грабовски изјави: „Навистина сме среќни што го додадовме WSBK на листата на мото дисциплини кои ги поддржуваме ширум светот. Исто како и FIM и EWC, и тимовите од Светскиот Супербајк шампионат ќе можат да ги користат нашите производи. Дел од ова партнерство опфаќа и создавење на нов Motul производ кој ќе им биде достапен на фановите на шампионатот. Исто така имаме и комплетно нов „Motul SBK Experience“ концепт  кој од 2016 година ќе ни овозможи да им понудиме на фановите уникатно искуство на секоја трка. Со нетрпение чекаме да почне новата сезона.“

Комерцијалниот и маркетинг директор на WSBK, Марк Саурина изјави: „Големо задоволство ни е да видиме еден таков важен бренд кој е дел од историјата на мотоспортот како се придружува на основните вредности на WSBK. Motul е перфектен партнер со кој ќе можеме да го развиеме нашиот концепт за за бренд искуство. “

Back To Top