MotoGP шампионот од 2006 година, Ники Хејдн, е пренесен во болница откако доживеа сериозна сообраќајна несреќа. Според  „Riminitoday“ , популарниот 35 годишен Американец, кој во моментов се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат, бил удрен од автомобил додека возел со својот велосипед.

MotoGP шампионот од 2006 година, Ники Хејдн, е пренесен во болница откако доживеа сериозна сообраќајна несреќа. Според  „Riminitoday“ , популарниот 35 годишен Американец, кој во моментов се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат, бил удрен од автомобил додека возел со својот велосипед. На сликите кои може да се видат, се гледа сериозна штета на предниот дел на автомобилот. На местото на несреќата на Хејдн му биле констатирани тешки повреди на главата и градниот кош и веднаш бил пренесен во болница.

hejden povreda

Надополнување: RiminiToday вели дека Хејдн бил префрлен од болницата во Римини во друга болница во градот Чезена и дека неговата состоја се уште е сериозна.

Надополнување: Неговиот тим објави неколку пораки на Twitter.

Надополнување: Од Dorna велат дека врз Ники Хејдн најверојатно е извршена операција. Се уште нема официјална потврда за неговата состојба. Како што често се случува при повреди на главата, на докторите ќе им треба дополнитено време за да ја утврдат сериозноста на повредите.

18 1495080667 nicky hayden seriously injured bicycle crash2

Надополнување: Од болницата во Чезена ја потврдија сериозноста на повредите кои ги претрпел Хејдн и велат дека е префрлен на одделот за интензивна нега. Други извори пак велат дека тој е ставен во медицински индуцирана кома.

Надополнување: Соопштение од болницата во Чезена: „Во моментов нема никакви промени. Ники Хејдн се уште се наоѓа во одделот за интензивна нега. Неговата состојба се уште е критична.“

Back To Top