Џонатан Раа вели дека може да замине на последната трка од шампионатот во Катар без притисок бидејќи му требаат само два поени да ја освои титулата

Џонатан Раа вели дека може да замине на последната трка од шампионатот во Катар без притисок бидејќи му требаат само два поени да ја освои титулата

Џонатан Раа вели дека може да замине на последната трка од шампионатот во Катар без притисок и покрај тоа што за малку не успеа да ја освои титулата на трката во Херез.

PA2050135.0008

Возачот на Kawasaki заврши на второто место зад доминантниот Чез Дејвис и успеа да ја задржи предноста во шампионатот која изнесува 48 поени.

Бидејќи до крајот на шампионатот остануваат уште максимум 50 поени, на Реа му се потребни уште два поени за да ја освои титулата.

„Задоволен сум од разликата во бодови. Ќе заминеме релаксирани во Катар. До денеска имаме постигнато девет победи и имаме направено одлична работа.“

Во однос на втората трка во Херез, Реа вела дека и покрај промените кои ги направиле на ZX-10R, тој сепак имал проблеми и тоа му овозможило на Дејвис да му избега и на двете трки.

„На трката во Херез имав проблеми со контролата на тракцијата. Променивме многу на мотоциклот. Имав доверба во мојот тим и мислам дека направивме чекор напред.“

Back To Top