Четворократниот Суперспорт Светски шампион, Кенан Софоуоглу, денеска го продолжи договорот со тимот на Кавасаки до крајот на 2017 година.

Четворократниот Суперспорт Светски шампион, Кенан Софоуоглу, денеска го продолжи договорот со тимот на Кавасаки до крајот на 2017 година. Турчинот е на добар пат да дојде до петтата титула оваа сезона, а обнобубањето на договорот значи дека тој ќе го продолжи успешниот настап со својата Ninja ZX-6R и следната сезона.

hi R07 Donington WorldSSP 2016 Pit Box Sofuoglu GB33280

31 годишниот Софуоглу зад себе има 110 стартови во Суперспорт класата, од нив, неверојатни 73 трки завршил на подиумот и притоа забележал 34 победи. Дека се работи за константен и одличен возач говори и фактот за неговите 26 пол позиции и 88 стартови од првиот ред.

Сезонава за него не започна на планираниот начин откако на првата трка го испушти подиумот заради проблеми со гумата, но потоа забележа две победи и сега се наоѓа на првото место во генералниот пласман.

Навистина сум среќен што ќе продолжам со Кавасаки и со „Puccetti“ тимот. Оваа комбинација е одлична, тие прават навистина прекрасна работа и затоа потпишувам нов договор волку рано во сезоната. Со нетрпение го очекувам остатокот од сезоната, се надевам на најдобрите резултати, а среќен сум што ќе ја продолжиме соработката и следната година. Уште една година во падокот со Кавасаки е навистина одлична работа.Кенан Софуоглу

Back To Top