По несреќата која ја доживеа на последниот круг од трката број 1 во Мизано, денеска беше потврдено дека Дејвис доживеал сериозни повреди на грбот.

По несреќата која ја доживеа на последниот круг од трката број 1 во Мизано, денеска беше потврдено дека Дејвис доживеал сериозни повреди на грбот.

wsbk misano 2017 chaz davies ducati team jonathan rea kawasaki racing

Информацијата беше објавена откако тој беше одведен во болницата во Римини на дополнителни прегледи. Докторите му констатираа дека има торакална повреда, односно фрактура на третиот пршлен, а исто така има и контузија на палецот на левата рака. Поради повредата тој не настапи на втората трка која се возеше во неделата, а засега се уште не е познато ниту дали ќе биде подготвен за настап на следната трка која ќе се вози во Лагуна Сека.

Британскиот возач е еден од фаворитите за победа на трката која се вози во Америка, а исто така таа има и големо значење во обидот на Дејвис да ја намали разликата од 111 поени во шампионатот од водечкиот Џонатан Реа (Кавасаки).

Back To Top