Патеката во Херез на која ќе се оддржи трката од WSBK шампионатот ќе биде полна со возачи кои се на замена. Големиот број на повреди оваа сезона не ги погодија само регуларните возачи туку и нивните заменици.

sylvain guintoli ecstar suzuki motogp

Силвиан Гинтоли до крајот на сезоната ќе биде замена за Ренди Круменахер во тимот на Kawasaki Puccetti, откако Швајцарскиот возач неодамна го скрши зглобот. Гинтоли ќе настапи за тимот Puccetti на двете трки до крајот на шампионатот, Херез и Катар. Гинтоли и Puccetti се чини и дека сѐ уште преговараат околу можноста Французинот да вози за нив и во сезоната 2018.

Промена во тимот на Puccetti има и во WorldSSP серијата. Речиси сигурно е дека Кенан Сафуоглу нема да вози на трките во Херез и Катар, а неговото место се очекува да го заземе Ентони Вест.

Леон Хаслам беше првичниот возач кој требаше да го заземе местото на Софуоглу, но на последната трка од BSB шампионатот која се возеше минатиот викенд, Англичанецот го скрши зглобот на раката.

Back To Top