Џонатан Реа е подготвен да се врати на победничките патеки овој викенд на трката која ќе се оддржи во Асен.

Откако загуби од Чез Дејвис на последната трка која се возеше во Арагон, Реа сега ќе се натпреварува на патеката во Асен, патека на која во последните неколку години секогаш постигнува добар резултат. Реа, кој победи на седум од последните дванаесет трки на патеката во Холандија, вели дека отсекогаш уживал тука.

PA1881869.0008

„Можеме да имаме одлична сезона особено бидејќи сега ќе возиме во Асен, патека на која обожувам да се натпреварувам. Не знам зошто е тоа така, но навистина ми се допаѓа ова место. Патеката е одлична. Дури и кога мотоциклот не ви е многу добро подготвен, можете да постигнете добри резултати. Има многу свиоци на кои треба да се употреби различна техника,“ изјави Реа.

После првите три последователни победи, Реа полека го губи водството. Откако собра корисни информации од патеката во Арагон, на која настапуваше со својот нов Kawasaki ZX-10R, Реа е убеден дека ќе може да ги искористи тие информации за да постигне подобар пласман во Асен.

„Асен е добра патека за мене и нашиот мотоцикл добро функционира тука. Научивме многу работи на патеката во Арагон за време на третата трка, особено тоа дека основниот сет ап кој го имавме со претходниот мотоцикл добро функционира и на новиот мотоцикл. Се надевам дека временските услови ќе бидат добри во текот на викендот и ќе можеме да имаме конзистентност. Завршивме добра работа во Арагон но мораме повторно да се вратиме на победничките патеки,“ изјави Реа.

Back To Top