Новиот возач на Кавасаки тимот во Супербајк шампионатот со две победи на новата патека во Тајланд се наметна како еден од главните претенденти за освојување на титулата.

hi R01 Buriram Rea GB43049

Новиот возач на Кавасаки тимот во Супербајк шампионатот со две победи на новата патека во Тајланд се наметна како еден од главните претенденти за освојување на титулата. Иако на календарот на Супербајк шампионатот преостануваат уште 11 рунди (22 трки), поранешниот возач на Хонда покажа од самиот старт дека ќе се бори за титулата оваа сезона.

Двете победи за Реа на втората рунда во календарот значеше и негово издвојување во генералниот пласман и предност од 10 бода пред второпласираниот Леон Хаслам на Априлија. Возачот на Априлија во Тајланд забележа две втори места, и покрај тоа што во првата трка Том Сајкс атакуваше за втората позиција тој успешно се одбрани и во генералниот пласман Хаслам сега има 85 бода.

За Сајкс Тајланд беше трка на која дојде до подиумот, во првата трка тој го освои третото место, а во втората за жал се пласираше само на петтата позиција. Бодовите од првите две рунди за Сајкс се доволни да биде на третата позиција во генералниот пласман со 50 бодови од можни 100.

Следната рунда од Супербајк шампионатот се вози на патеката Арагон во Шпанија на 12-ти април, а за оние кои ги пропуштија трките во Тајланд, во продолжение следат целосните видеа од двете трки.

Трка 1:

Трка 2:

Back To Top