Викендов на патеката Лагуна Сека во САД се одржа деветтата рунда од Супербајк шампионатот, а по двете трки борбата за врвот станува по интересна.

Мотул Супербајк шампионатот полека со доближува до завршната фаза. Викендов се возеше деветтата од вкупно 13 рунди, секоја со по две трки. Легендарната патека Лагуна Сека во САД беше домаќин на возбудливи трки, кои ни ја донесоа осмата 1-2 победа за Кавасаки во првата трка како и подиум за домашниот возач Ники Хејден.

10546 r9 action full

Првата трка во саботата му донесе двојна победа на Зелениот тим. Осми пат во сезоната го видовме дуото на Кавасаки на првото и второт место на подиумот. За време на трката двајцата возачи се менуваа на водечката позиција, за на крајот, откако Џоната Реа го помина својот клубски колега Том Сајкс, да го зголеми темпото и да дојде до нова победа, прва за него на Лагуна Сека. На третата позиција заврши Ники Хејден откако буквално во последниот свиок го помина својот клубски колега Михаел ван дер Марк кој направи грешка и остана без подиум од САД.

52329 r9 ambience full

Втората трка започна со црвено знаме заради Павел Скопек кој падна во свиокот број 6, веднаш по рестартот на трката Џонатан Реа се обиде да направи разлика и да дојде до втората победа во викендот, но по само 5 круга излета надвор од патеката. Тој успеа да се врати назад на 10-та позиција, но за жал по само половина круг мораше да ја прекине трката заради технички проблеми со моторот по неговиет излет надвор од патеката.

Во генералниот пласман водечки сеуште е Џонатан Реа со 368 поени, кои се достижни во останатите 8 трки за Том Сајкс кој на втората позиција сега има 322 поени. Третопласиран во шампионатот исто така е Британец, Чаз Дејвис на Дукати кој до сега освои 260 поени. Следува летната пауза за Motul World Superbike шампионатот, а трките продолжуваат во Германија на 16-18 септември.

Back To Top