Трките од првата рунда во Супербајк шампионатот донесоа многу возбудувања, на првата трка победа забележа Џонатан Реа на Кавасаки, втор беше Леон Хаслам (Априлија), а Чаз Дејвис (Дукати) беше трет. Втората трка му припадна на Леон Хаслам, кој успеа да победи пред Џонатан Реа, а трет повторно беше Чаз Дејвис.

race1 33c1038 full

Трките од првата рунда во Супербајк шампионатот донесоа многу возбудувања, на првата трка победа забележа Џонатан Реа на Кавасаки, втор беше Леон Хаслам (Априлија), а Чаз Дејвис (Дукати) беше трет. Втората трка му припадна на Леон Хаслам, кој успеа да победи пред Џонатан Реа, а трет повторно беше Чаз Дејвис.

За Џонатан Реа ова не можеше да биде подобар викенд, новиот човек на Кавасаки забележа победа на првата трка и второ место на втората трка во која само 0.010 секунди го делеа од првата позиција.

 33c8211 full

Леон Хаслам не само што ја забележа победата на втората трка за себе, туку тоа беше и одличен успех за тимот на Априлија за кого Хаслам ја донесе 50-та победа. За Хаслам ова е одличен успех имајќи во предвид дека неговата последна победа беше на патеката Кјалами во 2010 година.

00859 p1 01 wsbk full

Забележително возење имаше шампионот од Суперспорт Михаел ван дер Марк кој сега вози за тимот на Хонда, тој во првата трка го помина Том Сајкс за четвртата позиција на самиот старт, за жал потоа излета од патеката но успеа да се врати на 10-та позиција, за на крајот да финишира како 5-ти. Во втората трка тој изби на чело на колоната, возеше солидна трка се до 19-от круг кога како четвртопласиран излета од патеката.

Трој Бејлис немаше среќа во втората трка, иако успеа да се искачи до седмата позиција, трикратниот светски првак мораше да влезе во боксот за промена на предната гума, што на крајот му ја донесе само 16-та позиција. 

Алекс Ловс на Сузуки од кого се очекуваше многу немаше среќа, во првата трка возеше просечна трка и на крајот заврши како деветти, додека пак во втората заради проблеми со моторот се повлече во боксот во вториот круг.

Том Сајкс првата трка ја заврши на шестата позиција, а втората на четвртата што во генералниот пласман му ја донесе четвртата позиција со заостанување од 22 бода зад водечките.

00181 p1 01 full

По првата рунда во генералниот пласман Леон Хаслам е водечки со 45 бода, исто толку има и Џонатан Реа, трет е Чаз Дејвис со 32, четврти е Сајкс со 23 бода, а петти е Силван Гинтоли со 20.

Следната трка се вози на 22 март во Тајланд, на патеката Чанг Таи.

Back To Top