Возачот на Кавасаки тимот во Супербајк шампионатот Лорис Баз дојде до првата пол позиција во кариерата за трката во Холандија.

baz-superpole-assen

Возачот на Кавасаки тимот во Супербајк шампионатот Лорис Баз дојде до првата пол позиција во кариерата за трката во Холандија.

Лорис Баз ќе ги стартува утрешните две трки на патеката Асен од првата позиција за прв пат во својата кариера. Времето од 1'34.357 е нов рекорд на патеката, а Баз го постави само неколку моменти пред да започне дождот во Асен. 

Како што можевме да видиме до сега во сезоната, новиот формат во кој во 15 минути се одредува супер-пол позицијата донесе многу возбудувања, а во Асен тие беа во полза на Баз.

Од втората позиција на утрешните трки ќе стартува Силвијан Гинтоли со својата Априлија, а клубскиот колега на Баз, Том Сајкс ќе стартува од третата позиција. Вториот ред го сочинуваат Марко Меландри (Априлија), Џонатан Реа (Хонда) и Давиде Џулијано (Дукати).

Во „EVO“ класата најбрз беше Николо Канепа (Дукати), кој возеше за седмо време.

Преносот во живо од првата трка на ЕуроСпорт каналот започнува во 10.17 минути изутрина, а втората трка ќе можеме да ја проследиме од 13.05 по наше време.

Back To Top