motori sylvain-guintoli-aprilia-racingТестот на патеката Херез се покажа како успешен за Силвиан Гинтоли кој потпиша договор со тимот на Априлија во Супербајк шампионатот и следната сезона ќе вози на местото на пензионираниот Макс Бијаџи.

sylvain-guintoli-aprilia-racing

Тестот на патеката Херез се покажа како успешен за Силвиан Гинтоли кој потпиша договор со тимот на Априлија во Супербајк шампионатот и следната сезона ќе вози на местото на пензионираниот Макс Бијаџи.

Гинтоли во тимот на Априлија ќе настапува со Јуџин Лаверти, а со оглед на постигнатите времиња на тестирањето и одличниот мотор кој го има тимот, од него се очекуваат големи резултати. 

„Среќен сум бидејќи чувството на RSV4 за мене беше одлично веќе од првите неколку метри. Голема чест е да се седне на моторот на Светскиот шампион, па мислам дека ова е одлична шанса за мене - најдобра во кариерата. Моторот има одлични перформанси и огромен потенцијал, тоа можевме да го видиме во изминатите сезони, па мислам дека ќе можам да забележам одлични резултати со него“ - изјави Гинтоли на прес конференцијата по повод потпишувањето на новиот договор.

Back To Top