МЦЦ Свети Николе започна да функционира како неформално дружење на неколку ентузијасти посветени и наклонети кон милениците на две тркала, во 2010 година.
МЦЦ Свети Николе започна да функционира како неформално дружење на неколку ентузијасти посветени и наклонети кон милениците на две тркала, во 2010 година. Неформалната дружба постепено се зацврснуваше со континуирано присуство и дружење на сите мото собири и забави во Македонија и пошироко, со основна идеја за фомирање на клуб кој ќе функционира согласно актуелните правила на МЦ и МЦЦ клубовите.
Официјализирањето на клубот е во 2012 година со утврдување на правилата на функционирање и сопствен едноделен грб на кој е испишано името на клубот и државата, годината од која функционира, формата на организираност на клубот, черепот на овен како асоцијативен знак на Свети Николе и Овчеполието и ланецот како круг на доверба на луѓе со заеднички идеи и мотиви.
Во моментот клубот брои 11 члена кои несебично се залагаат за развој и претставување на мото културата во регионот на општина Свети Николе, државата и пошироко со цел да се воздигнат и истакнат вредностите на лојалност, доверба, дружење, посветеност и пожртвуваност како сегменти кои претставуваат клучен дел од личниот и професионалниот животна секој поединец.
Во досегашниот период МЦЦ Свети Николе редовно присуствува и дава подршка на сите мото собири и забави кои се организирани од страна на мото клубовите од Македонија и регионот. Активно се дружи и остварува контакти со сите активни клубови во Македонија и регионот.
Досега од страна на МЦЦ Свети Николе се организирани неколку хуманитарни и донаторски акции кои се со цел да се помогне на повеќе ранливи категории во нашето општество и потесно опкружување, а воедно и да се подигне свеста кај луѓето и компаниите масовно да се вклучат во разни видови на хуманитарни акции. Организирањето на вакви акции ќе се продолжи и во иднина во поголеми размери и од помасовен карактер.
Претседател Заменик Претседател
Борче Серафимовски – 075/493-692 Александар Арсов – 071/743-235