Guardian Angels MC Macedonia

 

И ТАКА ЗАПОЧНА ….

Моторџии кои што се среќаваа на Македонските патишта случајно се запознаа 2007 год. Така заеднички го реализираат и првиот собир во Мариово 2008 и походите на останатите мото собири во РМ и понатаму на патиштата кои водат во непознато. Ради своите редовни присуства на многуте манифестации и забави станаа познати во мото светот и создадоа “планина“ на пријателства и познанства уште како здружение, друштво...

2008 сосем спонтано се формира Мото Клубот ГАРДИАН ЕНЏЕЛС МАКЕДОНИЈА. И така друштвото на мото-фанатици вози под заедничко име MCC GUARDIAN ANGELS MACEDONIA. 2009 година успешно ја организираат и Втората по ред Мото Тура Мариово 2009, крводарителската акција на ниво на Р.Македонија во соорганизација на останатите мото клубови и Црвениот Крст на РМ, како и јавна презентација и демонстрација на давање на прва помош на повреден моторциклист во соработка со Црвен Крст на Р.М. на плоштадот во Скопје. Учествуваат на многуте мото-манифестации и забави таа 2009. Присутни се и 2010 на многуте организирани настани и забави во мото-светот и успешна организација на третата по ред Мото Тура Мариово 2010.

 Со тоа започнаа да создаваат нешто што и ним самите не им беше јасно во што ќе се претвори...
Набрзо, сфаќаат дека направиле нешто големо....трудот се исплати! Кон крајот на 2010 год. во согласност со другите MC клубови во Македонија се решаваат да ги превземат правилата и начинот на живот на вистински традиционален мото клуб- MC. 

Членовите на MCC GUARDIAN ANGELS MACEDONIA ја прифаќаат есенцијата на таквиот живот и стануваат браќа. Со таа одлука мото клубот става троделни ознаки (бои) и стануваат GUARDIAN ANGELS MC. Значи друштвото на развратни фанатици стануваат браќа поврзани со исти погледи на светот и исти идеали Чесност, Лојалност и Почитување (H,L&R). Темелните вредности на клубот стануваат братството и почитувањето, односно меѓусебното почитување. Поради тоа што членовите на клубот не го доживуваат овој клуб како било каква заедница или како хоби затоа темелните вредности ги поставуваат како начин на живот. GUARDIAN ANGELS МС го доживуваат клубот како голема фамилија и така се однесуваат! Да се биде бајкер за нив не значи да се има мотор и да се вози од кафе бар до кафе бар, кафеана до кафеана, за нив тоа е начин на живот за кој се одлучиле да го живеат засекогаш!
 

GUARDIAN ANGELS MC не се територијално определени како клуб, но членството доаѓа од повеќе градови на Р.Македонија и со тоа функционира на целата територија на РМ како една единствена конпактна целина, независни од други клубови и асоцијации, со интерес кон својата политика на братството – КЛУБОТ. Почит кон сите клубови кои ни искажуваат почитување, а кон останатите според нивното однесување. GUARDIAN ANGELS MC е отворен за соработка со сите останати МС клубови од земјата и странство. Но одбиваме да реферираме кон било кој “што“ и “кој“ го имаме како член. Не има од разни профили, и професии. Членовите на GUARDIAN ANGELS MC, возат, се забавуваат и си ги гледаат своите работи. Нашата определба како клуб е да допринесуваме  во општеството во кое живееме. GUARDIAN ANGELS MC е отворен за сите нови членови кои ќе ги прифатат Правилата од Кодексот на GUARDIAN ANGELS MC било од земјата или странство... Оние кои возеле со нас, се дружеле со нас или не познаваат, знаат дека сме бајкери.
 

GUARDIAN ANGELS MC е тоа како се прикажуваме и ништо повеќе и ништо помалку....

Back To Top