mk-sakamoto-logo
Мото Клубот Сакамото кој во изминатите натпреварувачки сезони функционираше под називот Цобо спорт, а оваа година го промени името во Мото Клуб Сакамото, со седиште на бул. Илинден број 90 б – 20 Скопје во 2007та и 2008та година  ја освои вице шампионската титула во конкуренцијата на клубовите во Шампионатот на Македонија во брзински мотоциклизам, а во натпреварувачката сезоната 2009 Мото Клубот Сакамото ја освои шампионската титула во конкуренцијата на клубови во брзински мотоциклизам и скутери. Согласно генералните пласмани во конкуренцијата на клубовите МК Сакамото оваа година повторно атакува на освојување на највисоките места во генералните пласмани во Шампионатот на Македонија во брзински мотоциклизам, скутери и новата дисциплина во Македонија супермото.
МФМ потврдува дека натпреварувачите на МК Сакамото во изминативе 5 години имаат постигнато значајни резултати:
·         Златна кацига за три шампионски титули по ред – 2009 година
·         Шампион во брзински мотоциклизам – 2007, 2008 и 2009 година
·         Шампион во мотокрос – 2007 година
·         Шампион во скутери 2009 година
·         7 место на трка од Европски Куп во супермото (Плевен, Бугарија 2008)
·         7 место на трка од Европски Шампионат во супермото (Плевен, Бугарија 2010)
·         8 место во моментален генерален пласман во Европски Шампионат во супермото 2011 година
Напоменуваме дека ова се само дел од постигнувањата на мото клубот Сакамото бидејќи се работи за мото клуб со 10 годишни успешни настапи во домашни  и меѓународни рамки.

Сите заинтересирани можат да не контактираат на е-маил:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на телефоните 02/3063-689 и 070/525-442

Back To Top