Во повеќето земји на Балканот не постои но се случи во  Македонија-Женски Мото Клуб  Velvet Angels

Во повеќето земји на Балканот не постои но се случи во  Македонија-Женски Мото Клуб  Velvet Angels

Позади името Velvet Angels гордо стојат кадифените ангели припаднички на понежниот пол кои во потрага по адреналин и дружење решија да го формираат овоj МК клуб. Пратени од погледите на минувачите низ градските улици девојките спонтано  се обединија  во единствен женски мото клуб.Официјалното раѓање на Velvet Angels се случи на 01.10.2008 год.

Со програмата предвидена во статутот на клубот кадифените ангели ќе се залагаат за ширењето на мото културата во и надвор од државата особено помеѓу женската популација.За таа цел Velvet Angels  ќе организира различни мото манифестации(собири,игри,возења низ државата, посета на останати мото настани...).

Како нова појава во моторџиските кругови и на асфалтот  Velvet Angels очекува соработка и поддршка и од останатите МК и МЦ клубови.Засега кадифените ангели се поддржани за оваа своја иницијатива од сите до кој што допре веста за формирањето на клубот. Што се однесува до правилата за членсто во клубот неопходно е да се исполнат следните три услови:

1)Да се биде припадник на понежниот пол

2)Да се поседува моторцикл или скутер

3)Да се има желба за возење и дружба

*Припадниците на машкиот пол може да бидат дел од клубот како поддршка или совозачи.

Клубот Velvet Angels со активности ќе започне оваа сезона по неговото официјано представување на 23.05.2009, а за подоцнежните настани ќе има најава како на motori.com.mk така и на нашата web страна која е во изработка.

 

Првиот и единствен Женски Мото Клуб-Македонија

Velvet Angels

Back To Top