Можеме да кажеме дека S1000RR брзо го освои светот на мотоциклите.  Тој претставува навистина интересен избор како на патеката така и надвор од неа. BMW S1000RR е тип на мотоцикл кој или го сакате или не го сакате.

Без разлика во која група припаѓате, перформансиите на овој мотоцикл никој не може да ги оспори.

Покрај изгледот, овие мотоцикли се ценат и според брзината што може да ја постигнат.  Кога станува збор за перформансите, S1000RR веќе ја докажа својата моќ, особено после победата на Isle of Man.

Кај повеќето мотоцикли, моторите се лимитирани од фабрика и не покажуваат повеќе од 299 километри на час. Но тоа не значи дека некој возачи не се подготвени да пробијат тој лимит, притоа менувајќи го софтверот за таа цел.

Во повеќето случаи, со менувањето на софтверот ви прекинува гаранцијата, но немојте да се изненадите кога ќе дознаете дека многу луѓе го прават тоа. А во оваа катеорија не спаѓаат оние кои имаат постар модел од овој мотоцикл.

Колку што може да се забележи, кај мотоциклот на видеото што можете да го видите подолу, не е променет чипот, само е отстранета блокадата од 299км/ч. Во секој случај, забавно е да се види како изгледа возење со 322 километри на час.

https://www.youtube.com/watch?v=cfbmYBPOxLw

Back To Top